Одборот за биоетика во Италија го осуди сурогат мајчинството

Изнајмената матка „е договор кој го повредува достоинството на жената и детето, бидејќи детето е подложно на отстапување како еден предмет. Одлучно не „за продажба и искористување на женското тело“.

Осврнувајќи се на важноста на предлогот во разговор за Радио Ватикан, Лучета Скарафија, член на Одборот, рече дека предлогот е многу важен, бидејќи врз основа на начелата на меѓународните договори, чиј потписник е Италија, се одредува дека човечкото тело не може да се продава и дека никој не е надлежен човечкото тело да го претвори во некој предмет за продажба, истакна Скарафија, додавајќи:

На тоа главно начело се темели предлогот во кој се зборува „за сурогат мајчинство со наплата“. Одлучено е да се одвои сурогат мајчинство со наплата, бидејќи тоа е главен проблем, кој е и најчест. Ми се чини дека предлогот е важна пресвртница за општиот предлог, предложен во Франција, а кој се залага во целиот свет да се забрани сурогат мајчинство, истакна Скарафија.

На забелешката дека Советот на Европа неодамна се изјани против сурогат мајчинство, рече дека станува сѐ појасна лажната слобода. Идејата дека секој со своето тело може да прави што сака, да го продаде или да го изнајми, треба да се отстрани. Станува очигледно дека во позадина е искористување на женското тело, нов облик на женско ропство и очигледно потценување на улогата на мајката во животот на жената. Жените се сфаќаат како некоја печка од која излегуваат производи. Се негира дека бременоста е однос, составен и основен за животот на човекот – заклучи Скарафија

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот