Од проповедта на Папата: Немирното срце го бара Бог

Во проповедта Светиот Отец ја нагласи потребата да се биде свесен на својот христијански идентитет и да бидеме христијани во „одење“, а не „спокојни“, односно рамнодушни.

За да го сретнеме Бог и за да бидеме свесни на својот христијански идентитет мораме да „бидеме во одење“, а не „спокојни“ односно рамнодушни или незаинтересирани христијани – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 10 февруари во капелата на домот Света Марта. Врз основа на денешното читање од Прва Книга Мојсеева за создавањето на човекот на „образот Свој“, Папата размислуваше за правилното и погрешното сфаќање на христијанскиот идентитет и Бог.

Божјата слика нема да можеме да ја најдеме на компјутер или во енциклопедија, туку можеме да ја најдеме само „во одење“. „Христијани кои седат; спокојните христијани нема да го спознаат Божјото лице; не го познаваат“ – рече Папата. За да бидеш во одење потребен е „оној немир кој самиот Бог го стави во нашето срце“ и кој нè поттикнува да го бараме.“

Да бидеш во одење значи да му дозволиш на Бог да нè искушува; да бидеш во одење значи да ризикуваш – продолжи папата Фрањо и објасни дека таков бил патот на библиските великани како Илија, Јеремија или Јов. Меѓутоа постои еден друг начин на пензионирање кој затоа знае да го наруши барањето на Бог кој – според Папата – гледаме во евангелскиот дел во кој книжниците и фарисеите  му приговараат на Исус затоа што неговите ученици биле со неизмиени раце.

Во тој дел Исус среќава луѓе кои „се плашат да бидат во одење“ и кои се „согласуваат со карикатура на Бог“. Тоа е – според зборовите на Папата – лажна лична карта: односно погрешно сфаќање на идентитетот. „Го замолчувале немирот во срцето“ и го опишувале Бог по патот на заповедите, а забораваат на самиот Бог; ги забораваат Божјите заповеди и го следат човечкото предание, така се одделуваат од Бог; не одат кон Него и – кога се несигурни – измислуваат нови заповеди – објасни Светиот Отец и таквото постапување го нарече „одење во кое не се оди; пензионирано одење.“

Денешните читања нè поттикнуваат на размислување за „две лични карти“: првата кој ни кажува дека во одењето го спознавааме својот идентитет, бидејќи сме создадени на слика Божја; која нè поттикнува да го бараме Бог и втората која нè поттикнува да бидеме спокојни вели: „извршувај ги тие заповеди и тоа е Бог. Тоа е Божјото лице.“ Нека Господ ни даде храброст – додека сме на земјата и сеуште не го гледаме Божјото лице – да бидеме секогаш во одење и да го бараме – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот