Од 24 до 26 ноември 2021 година во Пасторалниот центар Охрид се одржа обука за дејствување на хуманитарните организации во услови на вонредни ситуации со посебен акцент на пандемијата со Ковид-19, која беше наменета за персоналот, соработниците и волонтерите на Македонски Каритас.
Обуката беше спроведена од страна на Јована Лончаревиќ, од Каритас Србија, која ги запозна присутните со вонредните ситуации и со условите во кои се наоѓаат хуманитарните организации при вакви ситуации и како е сигурно и потребно да се делува.
Оваа обука исто така беше искористена и за размена на корисни пракси и искуства, кои што се стекнуваат преку различните проектни активности и за охрабрување во заедничкото залагање за помош на луѓето во потреба.
Обуката заврши со претставувањето на Синодалниот од и за придонесот на Македонски Каритас кој го дава и како тој може да се подобри, со тоа што секој од вработените поединечно и сите заедно ќе станат свесни за придонесот кој го даваат во надополнувањето на овој Синодален од.
к.мк