Обраќање на Папата до учесниците на ходочестието на Меѓународниот сојуз за пасторална грижа на министрантите

Обраќање на Папата до учесниците на ходочестието на Меѓународниот сојуз за пасторална грижа на министрантите

Во Рим од 29 јули до 3 август се одржува 13. Ходочестие на Меѓународниот сојуз  за пасторална грижа на министранти во Рим (Coetus internationalis ministrantium – CIM). Централна точка на ходочестието е аудиенцијата кај папата Фрањо, одржана во вторник, 30 јули, на плоштадот „Свети Петар“. Еве го во целост обраќањето на Папата до учесниците на ходочестието

ПОЗДРАВ НА СВЕТИОТ ОТЕЦ

до учесниците на XIII. Меѓународно ходочестие на министранти

30 јули 2024 година

Драги момчиња и девојки, добра вечер! Guten Abend!

Плоштадот „Свети Петар“ е секогаш убав, но со вас е уште поубав! Ви благодарам што дојдовте во Рим; можеби некои од вас се тука за прв пат. Добредојдовте! Willkommen!

Бев импресиониран од темата на вашето ходочестие: „Со тебе“. „Mit dir“. „With you“. „Avec to“. А знаете ли зошто ме импресионира? Затоа што со два збора се кажува сé. Многу е убав слоган, остава простор за пребарување, за пронаоѓање можни значења.

Со тебе. Тоа е израз кој го содржи таинството на нашиот живот, таинството на љубовта. Кога човечко суштество ќе биде зачнато во утробата, мајката му вели: „Не плаши се, јас сум со тебе“. Но, на таинствен начин и мајката чувствува дека ова мало суштество ѝ вели на мајката: „Јас сум со тебе“. А тоа, на поинаков начин, важи и за татковците!

Мислејќи на вас и сега гледајќи во вас, ова „со тебе“ е исполнето со нови значења! Би сакал да ви ги претставам оние кои ми се најубави и најважни.

Вашето искуство на служење на Литургијата ме наведува да мислам дека првиот субјект, протагонистот на ова „со тебе“ е Бог. Исус вели: „Каде што двајца или тројца собрани во мое име, таму сум и јас меѓу нив“ (Матеј 18,20). И тоа се реализира во најголема мера на светата Литургија, во Евхаристијата: овде тоа „со тебе“ станува вистинско и конкретно присуство на Бога во Телото и Крвта Христови. Свештеникот гледа како тоа таинство се случува во неговите раце секој ден; а и вие тоа го гледате кога служите на олтарот. И кога се причестуваме, можеме да доживееме дека Исус е „со нас“ духовно и физички. Тој ти вели: „Јас сум со тебе“, но не со зборови, тоа го кажува во тој гест, во тој чин на љубов кој е Евхаристијата. И ти, можеш да му кажеш на Господ Исус: „Јас сум со тебе“, не со зборови, туку со срцето и со своето тело, со својата љубов. Токму затоа што Тој е со нас, ние навистина можеме да бидеме со Него.

И тука, драги момчиња и девојки, е местото каде што се крие клучното! Се надевам дека ќе ме разберете: тоа „со тебе“ кое што можеме да им го даруваме на другите. Така може да се исполни неговата заповед: „Љубете се еден со друг како што јас ве возљубив вас“. Ако служите, служите во срцето и во вашето тело, како Марија, чувајќи го таинството на Бога кое е со тебе, тогаш ќе станете способни да бидете со другите на нов начин. И ти – благодарение на Исус, секогаш и само благодарение на Него – и ти можеш да му кажеш на ближниот: „Јас сум со тебе“, но не со зборови, туку со дела, гестови, срце, конкретна близина – не заборавај , конкретна близина – да плачеш со оние што плачат, да се радуваш со оние што се радуваат, без осудување, без предрасуди, без затворање, без исклучување. И со тебе, кој не си ми симпатичен; со тебе, кој си поинаков од мене; со тебе, кој си странец; со тебе, кој правиш да се чувствувам неразбран; со тебе, кој никогаш не доаѓаш во црква; со тебе, кои велат дека не веруваш во Бог.

Момчиња, девојки, каква голема мистерија има во тие два мали збора: со тебе! Им благодарам на оние што ги избраа, а пред сѐ ви благодариме што дојдовте овде, како ходочесници, да ја споделиме радоста што му припаѓаме на Исус, да бидеме слуги на неговата љубов, слуги на неговото рането Срце што ни ги лекува раните, што нè спасува од смрт, кое ни дава вечен живот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот