Новите кардинали од Азија нема да допатуваат на конзисториумот

Новите кардинали од Азија нема да допатуваат на конзисториумот

Поради пандемијата со коронавирусот филипинскиот надбискуп Хозе Ф. Адвинкула и Апостолски викар за Брунеј Корнелиус Сим нема да учествуваат на конзисториумот во Ватикан закажан за 28 ноември, на кој папата ќе креира 13 нови кардинали.

Филипинската бискупска конференција објави на својата интернет страница дека надбискупот Хозе Ф. Адвинкула (68) го откажа патувањето за Ватикан поради засилената пандемија во Италија. Се додава дека свеченоста за воздигнување во кардиналска чест може да се одржи и во Капиз, со Папски делегат. И Апостолскиот викар за Брунеј, монс. Корнелису Сим (69) нема да може да патува за Рим, поради епидемиолошките мерки, односно пропишаниот карантин за патување – потврдува германската католичка агенција КНА.

Уште не е познато дали на конзисториумот на 28 ноември ќе пристигнат останатите кардинали, чие што именување папата го најави на 25 октомври.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот