Новиот директор на Радио Марија Македонија ја презеде должноста

Новиот директор на Радио Марија Македонија ја презеде должноста

Досегашниот директор монс. Антун Циримотиќ го наследи о. Гоце Костов, парох во Струмица и одговорен уредник на интернет страницата Католици.мк.

Во четврток 9 ноември 2017 година во просториите на Радио Марија Македонија во Скопје е извршено примопредавањето на должноста директор на „Радио Марија Македонија“.

Со декрет на Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов и со потврда од канцеларијата на светското семејство на Радио Марија досегашниот директор монс. Антун Циримотиќ е разрешен од таа служба, а новоименуваниот директор е о. Гоце Костов, парох во Свети Иван Крстител – Струмица и одговорен уредник на интернет страницата Католици.мк.

Покрај досегашниот и новоименуваниот директор на примопредавањето присуствуваше и претседателката на Здружението „Радио Марија Македонија“, Катица Трајковска Абјаниќ, како и вработените во радиото Ена и Силвер. Во таа прилика Здружението заедно со вработените искажаа благодарност за соработката со монс Циримотиќ, а на новоименуваниот директор о. Костов му посакаа успех и благослов во работата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот