Нови пораки на Твитер од Светиот Отец
Ватикан, 17.4.2013 /к.мк/ – По завршувањето на Генералната аудиенција во среда Папата Фрањо објави две нови пораки на неговиот Твитер профил.
Првата гласи: „ Вознесението не значи отсутност на Исус, туку ни кажува дека тој е меѓу нас жив на еден нов начин и е близу до секој.“
Во втората Твитер порака стои: „За да се влезе во славата Божја се бара секојдневна верност кон Неговата волја, дури и кога таа бара жртва.“
До денес Твитер профилот на Папата, кој е на девет јазици, надминува 5 милиони и 500 илјади пријатели.
Категорија:
Ватикан