Папата Лав XIV. потпиша три нови именувања во институциите на Светиот Престол, објави Канцеларијата за печат на Ватикан во понеделник, 19 мај 2025
Светиот Отец го именува кардиналот Балдасаре Реина, генерален викар на Неговата Светост за Римската епархија и голем канцелар на Папскиот латерански универзитет, за голем канцелар на Папскиот теолошки институт за науки за бракот и семејството „Иван Павле II“. Кардиналот Реина ќе го замени надбискупот Винченцо Паља на оваа служба.
Светиот Отец го именува кардиналот Франсоа-Ксавиер Бустиљо, конвентуалец ОФМ, епископ на Ајачо, за свој специјален пратеник за завршната прослава на 350-годишнината од објавата на Светото Срце Исусово на Света Маргарет Марија Алакок. Прославата ќе се одржи во светилиштето Пареј-ле-Монијал на 27 јуни 2025 година.
Светиот Отец, исто така, го именува отец Авелин Чикома Бундо Чика Д.И., службеник во Дикастеријата за промоција на интегрален човечки развој, за раководител на канцеларијата во истата куријална институција, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк