Папата Фрањо именува членови во Управата за имот на Апостолскиот Престол, членови на Папскиот одбор за историски науки и генерален секретар на Папскиот универзитет Латеран, објави во понеделникот на 22 февруари Службата за печат на Светиот Престол.
За членови на Управата за имот на Апостолскиот Престол Светиот Отец го именува префектот на Дикастеријата за целосен човечки развој, кардинал Питер Кодва Апија Турксон и префектот на Конгрегацијата за евангелизација на народите, кардинал Луис Антонио Гоким Тагле.
Членови на Папскиот одбор за историски науки се о. Августин Лафај, ОП, архивист на Редот на браќата проповедници (Доминиканци), потоа, сестра Николета Виторија Спезати, АСЦ, советничка за историски работи во Конгрегацијата за прогласување на светци и професор Антал Молнар, директор на историскиот институт при Истражувачкиот центар за хуманистички науки на Националниот истражувачки совет во Будимпешта.
Светиот Отец го именува д-р Имаколату Инкокијати за генерален секретар на Папскиот универзитет Латеран.
Ватикан њуз/к.мк