Нова Маала: Духовна обнова за свештеници

Во понеделник 28 декември 2015 година во просториите на парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Апостолскиот егзархат во Македонија. На духовната обнова присуствуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија.

На оваа средба на свештеници духовен наговор одржа деканот о. д-р Зоран И. Стојанов, кој говореше за „Свети Лука во божиќно време“.

По предавањето следуваше заедничко размислување и света Исповед, додека светата Литругија се служеше за упокоение на душата на поранешниот парох на Нова Маала, о. Јоаким Дудаш.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот