Нова Маала: Волонтерството како подршка на Црквата
Изминатите неколку дена волонтерите од парохијата “Успение на Пресвета Богородица” од Нова Маала активно се вклучени во волонтерски акции во парохијата, во корист на целата заедница. Најпрво беше исчистен базенот, од кој многумина сѐ уште се снабдуваат со вода за пиење. Потоа, во уредување и поправка на клупите во црковниот двор, чистење… Не изостанува и грижата за оние во потреба, па така овие денови под мотото: “Постот нека биде дар на милосрдието”, волонтерите се вклучени во собирање на храна и материјални средства за оние во потреба. Волонтерите истакнуваат дека одлуката да се пости, значи и да се одвои нешто од себе за сиромасите, тогаш тоа е вистински пост, а не само откажувањето од одредена храна.
Црквата е во светот, таа живее во светот и истовремено се грижи за светот. Но што би можела таа без светот? Доволно е една мала искра на добра волја за да се покренат иницијативи кои би имале корист за сите.
к.мк/о.С.Р.