Нова Маала: Веронаука за деца и млади
На 26 септември во парохијата „Успение на Пресвета Богородица” во Нова Маала и филијалата “Свети великомаченик Георги” во Чанаклија започна веронаучната учебна година. Секоја училишна година во парохијата енорија се оджуваат часови по веронаука за сите деца и млади.
На вероучителите им претставува голема чест и одговорност да бидат со децата и младите, бидејќи се трудат да им всадат љубов кон Бога и ближниот, што е од голема важност во животот на луѓето. Така ќе знаат да ги придобијат вистинските вредности со кои ќе се дружат преку целиот свој живот.
Бидете присутни на веронаука, зашто Бог ќе ви зборува преку устата на вашиот вероучител! На сите ученици и вероученици им посакуваме среќен и благословен почеток!
к.мк/о.С.Р.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија