На 2 јануари 2019 година, попладне, во Канцеларијата за печат на Светиот Престол новинарите ги поздрави новиот директор „ad interim“ Алесандро Гисоти, на кој папата Фрањо му ја довери таа должност по оставката на досегашниот директор Грег Бурке и неговата заменичка Палома Гарсија Овехеро.
Би сакал да им се заблагодарам на колегите за бројните пораки кои ги примив, а кои ја покажуваат нивната почит која ја имаат кон мене, како и разбирањето за овој посебен момент за комуникацијата на Светиот Престол и за Канцеларијата за печат – рече Гисоти. Како што веќе реков преземајќи ја оваа должности „ad interim“, тоа го направив во духот на служењето и одговорноста, утешен со довербата на Светиот Отец и префектот Паоло Руфини, поддршката од моето семејство и големата професионалност и посветеноста на моите колеги, на кои и префектот денес ми изрази целосна поддршка во оваа чувствителна ситуација, додека се работи на новата организација на Канцеларијата за печат.
Во таа смисла ја гарантирам својата целосна расположливост, молејќи истовремено да имате трпение за грешките и несигурностите кои би можел да ги направам во овие свои први чекори – рече Гисоти и на крајот рече дека Грег Бурке и Палома Гарсија Овехеро се ставиле целосно на располагање и ја понудиле својата соработка за да му помогнат во овој преоден период. Вчера целиот ден го поминавме заедно овде во Канцеларијата за печат: тоа го ценам многу и сакам да го споделам со вас – рече на крајот директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Ватикан њуз/к.мк