На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо се молеше за исправна совест за да правиме секогаш добро во оваа тешко време. Во проповедта ги поттикна верниците да внимаваат на искушенијата кои започнуваат од малите работи, но потоа нè наведуваат да паднеме во грев и да го пренесеме на другите, и на крајот да се оправдуваме.
На почетокот на светата Литургија која ја служеше во саботата на 4 април во домот Света Марта, папата Фрањо се молеше за тоа никој да не ја искористува пандемијата за сопствени интереси. Во овие моменти на немири, тешкотии и тага, луѓето често имаат можност да прават многу добри работи. Меѓутоа има и такви кои се досетуваат да направат нешто што не е толку добро, кои го искористуваат моментот за себе, за сопствена корист – рече Папата и поттикна: Да се молиме Господ на сите да ни подари исправна совест, транспаретна за да можеме да се покажеме пред Бог не срамејќи се.
Во проповедта Папата го коментираше делот од Евангелието според Иван (11,45-56) кој зборува за одлуката на Синедрионот, по воскресението на Лазар, да го убијат Исус. Таа одлука е донесена на крајот од постепен процес; на крајот од патот на искушението кое започнува од мали работи, но потоа се проширува во грев кој се само оправдува. Искушението полека се зголемува, се пренесува на другите и се оправдува и притоа го менува срцето. Зад тие искушенија се наоѓа подмолноста на ѓаволот кој сака да Го уништи Исуса.
Долго фарисеите, па и големите свештеници биле немирни затоа што на земјата се случувале чудни работи. Најпрво Иван кој на крајот го оставиле затоа што бил пророк, крштевал и луѓето оделе кај него, но немало други последици – рече Папата. Потоа доаѓа Исус. Започнал да прави знаци, чудеса, но најмногу да им зборува на луѓето кои Го сфаќале, Го следеле и секогаш не го почитувале законот и сето тоа внесувало голем немир. Тогаш некои го ставиле на искушение, но Господ секогаш имал јасен одговор кој на нив, на закониците не им паѓал на памет – рече Светиот Отец и потсети на настанот со жената која имала седум мажи. По Исусовиот јасен одговор книниците си заминале, малку засрамени заради неговата мудрост.
Така си заминале и понижени, започнувајќи од најстарите, кога сакале да ја каменуваат прељубницата и кога Исус им рекол: Кој е без грев, прв нека фрли камен. (…) По воскресението на Лазар многу Евреи оделе да ги посетат сестрите на Лазар; но некои оделе да видат како стојат работите, и ги известувале фарисеите за она што Исус го правел. Меѓутоа многумина поверувале во Него. Тие пак кои оделе брборковците кои живеат (брборејќи за другите)… оделе за да ги известуваат.
Свештеничките поглавари и фарисеите затоа се собрале за да донесат некоја одлука. Што да правиме? Тој човек прави многу знаци. Ако го пуштиме така да продолжи, сите ќе веруваат во Него; постои таа опасност, народот ќе го наследува, ќе се одвои од нас – зборувале. Ќе дојдат Римјаните и ќе го уништат нашиот храм и нашиот народ. Во тоа имало дел вистина, но не цела вистина, рече Папата. Тоа било оправдување, затоа што политички пронашле рамнотежа со окупаторот, но го мразеле римскиот окупатор. Затоа Кајафа кој бил најрадикален, а бил голем свештеник предложил да го убијат Исус.
Тоа било цел процес кој започнал со мали немири во времето на Иван Крстител, а потоа завршил со тој состанок на свештеничките поглавари и фарисеите. Таквото постапување е токму пример како искушението делува во нас затоа што зад него очигледно бил ѓаволот кој сакал да Го уништи на Исус. Така и искушението во нас воопшто делува на тој начин; започнува со некоја мала работа, со некоја желба, идеја, а потоа расте, се пренесува на другите и на крајот се оправдува. Тие се трите ѓаволски искушенија во нас – истакна Папата и напомена дека членовите на Синедрионот по одлуката да го убијат Исус мирно си заминале дома.
И сите ние кога ќе нè совлада искушението на крајот сме мирни затоа што сме пронашле оправдување за тој свој грев, за тоа грешно однесување, за тој живот кој не е во согласност со Божјиот закон. Треба да се навикнеме да го видиме тој процес во себе. Процес кој го менува нашето срце од добро во лошо, кое нè води по ридот. Работата полека расте, ги заразува другите и на крајот се оправдува. Искушенијата во нас тешко доаѓаат изненадно, затоа што ѓаволот е лукав. Знае да тргне по тој пат, по истиот оној кој го избрал за да дојде до пресудата за Исус.
Кога ќе се најдеме во грев, кога ќе паднеме, првиот чекор кој треба да го направиме е да бараме прошка од Господ, но тогаш треба да се запрашаме: Како успеав таму да паднам? Како започнал тој процес во мојата душа? Како се развил? Кого сум заразил? И како на крајот се оправдав затоа што сум паднал? – рече Папата и истакна: Исусовиот живот секогаш е пример за нас, а она што се случило со Исус, ќе се случи со нас; искушенија, оправдувања, добри луѓе кои се околу нас, а можеби не ги слушаме, и оние лошите на кои настојуваме да им се приближиме за да го зголемиме искушението.
Меѓутоа никогаш да не заборавиме – предупреди Светиот Отец, зад некој грев, зад падот, секогаш се наоѓа искушението кое започнало од мало, а потоа нараснало, заразило други и на крајот пронаоѓа оправдување за тој пад. Нека Светиот Дух нè просветли во познавањето на внатрешноста – рече на крајот папата Фрањо и славењето го заврши со Евхаристиско обожавање и благослов, повикувајќи ги верниците на духовна причест.
Ватикан њуз/к.мк