Владата на Никарагва им го одзеде никарагванското државјанство на 94 лица, вклучувајќи го и помошниот бискуп од Манагва и еден католички свештеник.
Овие 94 Никарагванци на кои им е одземено државјанството се придружија на 222 лица кои неодамна беа депортирани во САД. Во оваа група е и помошниот бискуп на Манагва Силва Хозе Баез и отец Уриел Ваљехос, свештеник од Матагалпа. Некои од лицата на кои им е одземено државјанството веќе живеат во егзил во странство.
Судијата на Апелациониот суд Ернесто Родригез ги обвинува дека бегаат од правдата и се предавници на земјата. Имотот им е одземен.
Шпанија веќе понуди државјанство на 222 лица кои беа депортирани во САД. Како критичари на власта, тие беа обвинети за ширење лажни информации, завера и кршење на законот за суверенитет.
Правните експерти велат дека дејствијата на властите во Никарагва го прекршуваат меѓународното право, поточно Договорот од 1961 година во кој е вклучена и Никарагва.
Централноамериканскиот оддел на Обединетите нации соопшти дека Никарагва мора да го прекине прогонот.
Ватикан њуз/к.мк