Неоерејот Ванчо Назов служеше света Литургија во црквата Свети Иван Крстител – Струмица

На празникот Богојавление, 19 јануари 2016 година во парохиската Црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица, неоерејот Ванчо Назов, заедно со парохот о. Гоце Костов, служеше света Литургија со Богојавленски водосвет.

На крајот од Литургијата о. Гоце Костов во име на целата парохиска заедница се заблагодари за оваа Литургија и на неоерејот му поклони Евангелијар во знак на сеќавање на неговата прва света Литургија во парохиската црква „Свети Иван Крстител“ – Струмица

Потоа о. Ванчо Назов на присутните верници им подели поединечен неоерејски благослов.

Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, на 8 јануари 2016 година го ракоположи за свештеник о. Ванчо Назов Стојанов во парохиската црква Свети Пророк Илија – Радово.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот