Ненадејна посета на папата Фрањо во италијанскиот регион погоден од земјотресот
Во вторник, 4 октомври 2016 година папата Фрањо ненадејно го посети Аматриче, град во Средна Италија, во провинцијата Риети, кој од земјотресот на 24 август беше срамнет со земјата, при што животите ги загубија, само во Аматриче, околу 230 лица.
Посетата на Папата претходно не беше најавена. Веќе во неделата на средбата со новинарите Светиот Отец истакна дека сака да биде со луѓето погодени од земјотресот: „Тоа ќе го сторам приватно, сам, како свештеник, како бискуп, како Папа. Така сакам тоа да го направам. Сакам да бидам блиску со луѓето.“
Кратко после 9.00 часот со возило голф папата Фрањо пристигна во градот Аматриче и најпрво се упати во едно училиште. Во ова училиште, изградено од црвени контејнери, учат 250 деца. Папата разговараше околу половина час со учителите и децата, а бројни деца му подарија цртежи со мотиви од земјотресот. Потоа, надвор од училиштето, Папата упати неколку збора до насобраните луѓе.
Папата Фрањо со присутните молеше Здраво Маријо.
„Да продолжиме напред, пред нас е иднината. Толку многу луѓе од тука заминаа, загинаа меѓу урнатините. Да ја молиме Богородица за нив, заедно да се помолиме. А потоа папата Фрањо молеше Здраво Маријо.
Секогаш да гледаме напред, храбро! Еден на друг да си помагаме Заедно се оди подобро, сам човек не може да напредува“.
Папата Фрањо со присутните се прегрнуваше, а многумина во кратките разговори ги утешуваше. Потоа во придружба на бискупот од Риети, Доменико Помпили се упати кон така наречената „црвена зона“. Низ урнатините беа предводени од пожарникарите, а потоа папата Фрањо кратко во тишина се помоли. Ова подрачје потполно уништено од земјотресот е затворено од безбедносни причини. Потоа со возилото папата Фрањо се упати и во другите места насрадани од земјотресот.
„Не знаевме ништо за посетата на Папата“, рече парохот од Аматриче, Савино д’Амело. „Оддеднаш видовме како доаѓаат бројни новинари и обезбедувањето, а потоа пристигна Папата“ Средбата со учениците беше еден прекрасен момент… Претпоставуваме дека Папата дојде, но ова се случи многу ненадејно.
Околу 250 жители на Аматриче сѐ уште живеат во шатори. Расчистувањето на урнатините во Аматриче и останатите населени места сѐ уште траат.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк