Нема официјална потврда за присуство на почесниот папа Бенедикт XVI на канонизацијата на двајцата папи

На брифингот за новинари одржан во четврток 24 април 2014 година во Ватиканскиот прес центар, патер Ломбарди истакна дека присуството на почесниот папа Бенедикт XVI на канонизацијата на двајцата папи не е потврдено. Папата Бенедикт е добредојден и знае дека секогаш е посакуван и повикан – истакна патер Ломбарди. Во врска со неговата присутност на настанот ја почитуваме неговата слобода, неговата возраст и неговите сили. Поради тоа нема официјални информации за неговото присуство; постои желба тоа да се случи. Ако дојде ќе бидеме среќни, ако пак не дојде, немаме право да се чувстуваме разочарани поради неисполнето ветување, бидејќи такво нешто никој не ветил – рече на крајот патер Ломбарди.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот