Некои основни факти за Епископската синода

Во пресрет на престојната редовна синода за семејството добро е да се потсетиме на некои основни факти за Епископската синода и улогата на Папата во таа средба. Епископската синода е основана од блажен Павле VI на 15 септември 1965 година, со моту проприо „Apostolica sollicitudo“. Оваа година се одбележува нејзината 50-та годишнина. Изразот „синода“ потекнува од грчките зборови  „συν“ што значи „со“/ „заедно“; и „ὁδός“ што значи „пат“/„одење“. Според тоа синода значи „да се оди заедно“ (заеднички пат). Епископската синода може да се дефинира како собир на претставници на католичките епископи која има советодавна улога и му помага на Папата во управувањето на Универзаланта Црква.

Според канонскиот закон, улогата на Синодата е да ја промовира блиската поврзаност на римскиот првосвештеник (Папата) и бискупите, за да можат тие со своите совети да му помогнат на Папата во зачувувањето и растењето на верата и моралот; во почитувањето и зацврстување на духовната дисциплина и да ги обработуваат прашањата кои се однесуваат на делувањето на Црквата во светот. Епископската синода не е исто со Епископскиот собор – односно телото на сите епископи во заедништво со Папата – кое на чело со него – има врховна власт.

Задачата на Епископската синода е да разговара за прашањата кои треба да се проучуваат и да дава свои сугестии и желби, но не и да ги решава, ниту пак да донесува одлуки за нив. Епископската синода нема образовна или правна, туку пасторална и советодавна улога. Синодата не е парламент чии одлуки имаат извршан вредност, туку изразува мислења и го советува Папата, кој потоа носи одлука – во согласност или не со она што е кажано на синодата.

Улогата на римскиот првосвештеник на Синодата го одразува неговиот примат во управувањето со Универзаланата Црква. Папата ја свикува Епископската синода, го потврдува изборот на членовите, одредува за што ќе се разговара, претседава со Синодата лично или преку друг и ја заклучува, преместува, суспендира и распушта.

Две Синоди за семејтвото –вонредната- минатата година и редовната –овој месец – треба да видат како единствениот од е поделен на два периоди. На тоа мора да се приклучи и Конзисториумот кој е е одржан на тема семејство во февруари 2014 година. Папата Фрањо меѓу двете Епископски синоди често зборуваше за семсјтвото, а меѓу бројните наврати, треба да се забележи неговиот говор во Стразбург минатата година, катехезите за семјството на Генералните аудиенции во среда и апостолското патување во Куба и Соединетите Американски Држави, вклучувајќи го и учеството на Светската средба на семејства во Филаделфија.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот