Не постојат безгрижни христијани кои не се борат

Не постојат безгрижни христијани кои не се борат

„Исус нè повикува да го менуваме животот, да го промениме патот, нè повикува на преобраќање.“ А тоа вклучува борба против злото во нашите срца, „борба која не носи безгрижност, туку мир“, рече папата Фрањо на светата Литургија на 27 октомври 2017 година.

Промената на начинот на размислување, менувањето на начинот на чувствување за нашите срца кои биле световни и погански, со Христовата сила да станат христијански. Таквата промена значи преобраќање – истакна Папата и продолжи: З за да го промениме нашиот начин на делување мораме да ги промениме нашите дела.

Се работи за преобраќање кое вклучува сè, телото и душата, нагласи Светиот Отец. Тоа е промена, но не таа која се прави само однавор, неа ја прави Светиот Дух одвнатре. Од своја страна мора да дадеме допринос за Светиот Дух да може да делува, а тоа значи дека мораме да се бориме.

„Не постојат безгрижни христијани кои не се борат,“ додаде Папата, „христијаните не се такви, тие се студени.“ За мирно да спиеме, доволна е една таблета, но не постојат таблети за внатрешен мир. „Само Светиот Дух“ може на душата да ѝ го даде „мирот кој дава сила на христијаните.“ „Мораме да му помогнеме на Светиот Дух“ – поттикна Светиот Отец – „давајќи Му простор во нашите срца,“ за заедно да се бориме против болеста на духот, која ја сее непријателот и болестите на овој свет.

„Исусовата борба против ѓаволот и злото – потсети папата Фрањо – не е работа која припаѓа на минатото, туку се случува секој ден, бидејќи „огнот кој Исус го донесе е во нашите срца.“ Затоа мораме да му дозволиме на Светиот Дух да влезе, да го оставиме патот на суетата и гревот, за да го прифатиме патот на благодатите и да се прашуваме секојдневно дали сме му направиме место на Светиот Дух за да може Тој да делува?“

„Тешкотиите во нашиот живот не се решаваат со разводнување на вистината. Вистината е таа дека Исус донесе оган и борба, а што ќе направам јас?“ – праша Папата и заклучи: За преобраќање е потребно великодушно и верно срце: „великодушноста која секогаш доаѓа од љубовта и верноста, верноста на Словото Божјо.“

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот