Каритас на бискупијата Крк и оваа година даде свој предлог за дела на покора во Великиот пост, односно ја започна духовната акција: „Не за купување во недела“.
Од Каритас на бискупијата Крк истакнуваат дека ова откажување за купување во недела има трикратна покорничка димензија: кон себе, бидејќи господариме над своите желби; кон ближниот, бидејќи ги растеретуваме продавачите и кон Бог, бидејќи отвораме простор за Божјото делување.
Одвикнувањето од стекнатите навики оди споро, па така и овој напор во Великиот пост бара упорност и трпеливост. Знак за охрабрување дека сепак нешто се поправа е фактот што минатите божиќни празници некои трговски синџири им овозможија на своите вработени барем на тој голем празник да бидат со своите семејства. И оваа година поттикнуваме да продолжите со оваа покорничка пракса во овој пост, како резултатите би биле уште повеќе видливи и подобри, се истакнува во предлогот за Великиот пост од Каритас на бискупијата Крк.
Ика/к.мк