По средбата со претставниците на народот на Амазонија во градот Пуерто Малдонадо, на 19 јануари 2018 година, папата Фрањо се сретна и со локалното население.
Папата предупреди дека сме таму каде што се случува една од најкрвавата екплозија на животот на планетата, на подрачје кое сè уште се нарекува земја на Мајка Божја, постои трговија со луѓе, а би требало тоа всушност да го наречеме ропство заради работа, сексуално искористување и заработка.
Нè боли кога воочуваме дека во таа земја која е под заштита на Мајка Божја многу жени се злоупотребуваат, се понижуваат и се изложени на бесконечно насилство – рече Папата и нагласи: Насилството кон жените не може да се прогласи за нормално, не може да се смета за природно; не може да се нормализира насилството кон жените поддржувајќи ја мачо културата која не ја прифаќа главната улога на жените во нашите заедници. Не можеме да гледаме на другата страна и да дозволиме достоинството на многу жени, посебно на девојките да биде газено.
Осврнувајќи се токму на улогата на мајката, Светиот Отец истакна дека таму каде е мајката го нема тоа страшно чувство дека не припаѓаме никому, дали на едно семејство, на народ, земја и Бог. Вашата земја не е сираче, туку Мајчинска земја! Ако имаме мајка, имаме и деца, имаме и семејство и заедница. Таму каде се мајката, семејството и заедницата, нема да недостасуваат проблеми, но сигурно ќе се најдат сили со нив да се соочиме на вистинскиот начин.
Културата на отфрлање се раширила во тишина – толкуваше папата Фрањо – занемарувајќи го и отфрлувајќи го сето она што не ѝ користи, вклучувајќи ги децата и старите луѓе. Таа е безимена култура, без врски и лица. Тоа е култура без мајки, која не сака ништо друго освен да троши. Тогаш и кон земјата се однесува според таа логика. Шумите, реките и потоците се искористуваат до крај и после тоа се оставаат бескорисни и неупотебливи. Луѓето исто така се искористуваат до исцрпеност и потоа се отфрлуваат како неупотребливи.
Искористувајќи го примерот на 97 годишната старица која не смее да биде отфрлена од општеството затоа што ја претставува мудроста на народот. Папата не заборави да ги спомне луѓето кои се иселиле од Амазонија барајќи подобра иднина. Многу од нив се надеваат дека со одредени работи ќе ја надминат немаштијата и се свртиле кон барање злото, но златото може да стане идол кој бара човечка жртва – рече Светиот Отец.
Лакомоста, парите, моќта, се погрешни богови кои сè корумпираат – рече папата Фрањо и додаде: Тие го корумпираат човекот и институциите, а ги уништуваат и шумите. Нагласувајќи дека тие се демони кои треба да се истераат со молитва, Папата поттикна: Продолжете да се организирате во движења и заедници од сите видови за да ги надминете тие ситуации: организирајте се како црковни заедници кои живеат околу Исусовата личност.
Со Христос можеме да го оствариме ветувањето кое го открива вистинскиот живот кој не е ниту генерички, ниту апстрактен – потврди Светиот Отец. Не е фиктивен како лажните ветувања кои заслепуваат и кои ветувајќи живот, водат во смрт.
Сакајте ја својата земја, заљубете се во неа и чувајте ја – рече папата Фрањо и заврши: Не ја користете како чиста работа која може да се отфрли, туку како вистинско богатство во кое треба да се ужива, на кое треба да му се помогне за да расте и кое треба да се пренесе на сопствените деца.
РВ/к.мк