„Не е важно дали овде на земјата си остварил сѐ, туку дали си остварил љубов кон човекот, верност, вистина и ја љубиш ли убавината. Дали те зафатила љубовта? Само тоа е важно, а со тоа тогаш сѐ друго останува твое“, порачува Томислав Иванчиќ во книгата „Минута за тебе“.
Видов дека луѓето првенствено се страдалници, а дека се вистински оние кои разбираат дека луѓето се стрaдалници на кои им треба помош. Најдобри луѓе се оние кои на другите им помагаат, а наубава смисла на животот е да го љубиш човекот. Тоа е она што секој од нас би требало совршено да го прифати. Ние трчаме за некои цели, за некоја среќа, за некоја луда визија дека би требало ова или она. Колку студенти се трудат околу испитите и мислат дека ќе бидат нешто кога ќе ги завршат студиите. Се сеќавам на своите студенти: врвни студенти по физика. Си мислев дека ќе бидат врвни професори, а кога дипломираа, си заминаа во Германија и работат сосема обична работа.
Видов толку други луѓе кои имаат големи способности да ги развиваат своите врвни можности за да помогнат на својата земја, на светот и на себе. Никогаш не успеале во тоа. Бидејќи кога човекот започнува да мисли само на овоземското, само на тоа треба да го уреди своето семејство, куќата, станот, тогаш повеќе нема време за она што единствено останува. Тогаш постојано се грижи за она што поминува, што не може да го понесе со себе и што не е негово. О, како човекот е наивен и во тоа е неговата болест. Затоа треба да го љубиме и да му помогнеме да се извлече, да му дадеме способност тоа да го согледа. „Не е важно дали овде на земјата си остварил сѐ, туку дали си остварил љубов кон човекот, верност, вистина и ја љубиш ли убавината. Дали те зафатила љубовта? Само тоа е вжно, а со тоа тогаш сѐ друго останува твое.
Ако си ја сфатил љубовта, добрината, тогаш сѐ од земјата, сѐ носиш со себе; но ако си го фатил само овоземското, а немаш љубов, добрина ниту Бог не е со тебе, ако сѐ уште на никој не си му помогнал, ако на никој не си му ја избришал солзата, тогаш сѐ губиш, остануваш сам, гол и бос одиш на другиот свет. Не живеј така. Така би сакал да бидеш среќен.Така би сакал да се извлечеш од своите кризи. Така би сакал да не бидеш неморален, да не бидеш наивен и да не помислиш дека со своето тело или не знам со кој свој говор или грубост можеш да постигнеш нешто големо и да бидеш на некој важен. Не. Има некој кој на тебе чека. Има и во во овие емисии кои те љубат и од нив извира љубовта на вечниот Отец. Биди храбар! Верувам во тебе дека ќе успееш, дека ќе бидеш врвен и го чекам твоето време почитуван слушателу!
Томислава Иванчиќ/к.мк