Најава: Промоција на книгата „Божјото име е милосрдие“ и монографијата „Црква во пресрет“
На 12 ноември 2016 година во салата на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица со почеток во 18.00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Божјото име е милосрдие“, разговор на Андреа Торниели со папата Фрањо и монографијата „Во пресрет на Црквата“, издадена по повод посетата на Македонија од страна на Ватиканскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин.
Промотори ќе бидат проф. Иван Котев и Владимир Ефтимов, водител Ѓорги Калајџиев, а музичкиот дел ќе биде во изведба на Благица Калева и Трајче Георгиев во придружба со клавијатура на Ѓорге Ристов.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк