Најава: Архиерејска Литургија во Радово по повод празникот Свети пророк Илија

Најава: Архиерејска Литургија во Радово по повод празникот Свети пророк Илија

На патрониот празник на парохијата „Свети пророк Илија“ – Радово, 2 август 2017 година со почеток во 10.00 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија ќе служи света архиерејска Литургија во заедништво со свештеници од Апостолскиот егзархат и Скопска биксупија.

По завршувањето на светата Литургија владиката Стојанов ќе го благослови заедничкото Агапе, кое го подговуваат одборниците при парохијата во Радово.

Во деновите пред празникот има можност за света Исповед во црквата.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот