Националниот управител на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина дон Иван Штироња ќе престојува во Скопје и Струмица

Националниот управител на Папските мисиски дела, дон Иван Штироња преку предвидената програма ќе ги запознае верниците од Скопска бискупија и Апостолскиот егзархат во Македонија за животот и делувањето на институциите на Папските мисиски дела, чие седиште е во Рим, а ќе говори и за мисионерското послание на Црквата.

Папските мисиски дела првотно се настанати во Црквата со античко христијанска традиција и требало да бидат подршка за мисионерите меѓу нехристијанските народи. Денес е институција на Црквата во целиот свет и на секоја поедина Црква. Светиот Отец ја извршува својата власт преку Конгрегацијата за евангелизација на народите, на која Вториот ватикански собор и ја довери управувањето и координацијата за мисионерска соработка (сп. Ад гентес, статути 24)

Не смее да се заборави дека Вториот ватикански собор централно место дава на мисионерската соработка, при тоа нагласувајќи дека е потребно… „прво место да им се даде на тие Дела, бидејќи се средство преку кое католиците веќе од детство ќе се поттикнуваат со вистински сеопшт мисионерски дух и да се поттикне успешно собирање на помош во корист на сите мисии според потребите на секоја од нив (Ад гентес, 38). Како институција се уредени на тој начин што прават четири различни ограноци: Дело за ширење на верата, Дело за свето детство, Дело на свети Петар апостол и Мисионерската заедница на свештеници, монаси и монахињи. Заедничка цел им е унапредување на мисонерската свест и создавање свест кај Божјиот народ за целата Црквата. Оваа цел се оставрува со одредени информации и мисионерска наобразба, воспитување за мисионерски звања, собирање и делење на даровите за мисонерите и нивните активности, како и за младите Цркви при што во заедништво со другите Цркви се поттикнува на размена на добрата и другите средства за помош.

Програма:

Недела 16.11.2014 година во 10.30 и 18.00 часот – Евхаристиско славење во Катедралата Пресвето Срце Исусово – Скопје, која ќе ја предводи дон Иван Штироња.

Недела 16.11.2014 година, во 19.00 часот во салата на Пасторалниот центар во Скопје – трибина на тема: „Мисиите“, гост дон Иван Штироња.

Понеделник 17.11.2014 година, во 10.30 часот во парохиската сала на Катедралата Успение на Пресвета Богордица – Струмица предавање од дон Иван Штироња на тема: Папските мисонерски дела и посланието на Црквата.

Категорија: Македонија

За авторот