Надбискупот Јурковиќ: Потребно е да се штити верската слобода, верувањето и приговорот на совеста
Не постојат права кои вредат помалку од другите – рече одлучно претставникот на Светиот Престол при ООН во Женева, констатирајќи дека последниот извештај на ООН кој е посветен на верската слобода, на верувањето и родовата рамноправност е делумно напад на верската слобода, вероисповедта и приговорот на совеста затоа што не ја одразува општествената и културна реалност на многу народи.
Неприфатливо и навредливо; така надбискупот Иван Јурковиќ ги окарактеризира некои делови од Извештајот за верската слобода и верување кој е преставен на 2 март во Женева во текот на 43. Заседание на Советот на ООН за човекови права. Постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева изрази голема загриженост посебно заради фактот што многу податоци на кои документот се потпира препорачуваат дека верската слобода, верувањето и приговорот на совеста мора да бидат секундарни во однос на т.н. човекови права, посебно оние со кои некои држави и меѓународни институции изразуваат некој вид на идеолошка колонизација. Извештајот кој е претставен, од тој аспект барем делумно е напад на верската слобода, вероисповедта и приговорот на совеста – истакна надбискупот Иван Јурковиќ
Критична точка во извештајот е конкретно таа која е посветена на верската слобода, верувањето и родовата рамноправност – рече надбискупот Јурковиќ и истакна дека документот во неа се фокусира на промовирањето на визија за човечкото општество која сите не ја делат и која не ја одразува општествената, културна и верска реалност на многу народите, посебно што се однесува на заштитата на мажите и жените од било која вера и верување, а кои се прогонети и дискриминирани.
Сето тоа е иронија на судбината, токму по 4 февруари 2019 година кога папата Фрањо и големиот имам на џамијата Ал-Азхар го потпишаа Документот за човечкото братство за светскиот мир и заеднички живот, кој ги повикува светските лидери да работат на ширењето на културата на толеранција и мирен соживот – рече постојаниот набљудувач на Светиот Престол при Обединетите нации и напомена, и покрај тоа, извештајот на никој начин не се осврнува на напорите на верските претставници кои интервенираа за што поскоро да се запре пролевањето на невина крв и ставање крај на војните.
Ватикан њуз/к.мк