Надбискупот Јурковиќ поттикна за заштита на мигрантите

Надбискупот Јурковиќ поттикна за заштита на мигрантите

Надбискупот Иван Јурковиќ, постојан набљудувач на Светиот Престол при канцеларијата на Обединетите нации во Женева, ги поттикна државите членки да ги прифаќаат и заштитуваат мигрантите.

Во својот говор во текот на 108 заседание на Советот на Меѓународната организација за миграција, феноменот миграција го означи како еден од најсилните сили кои го обликуваат економскиот, општествениот, политичкиот и културниот живот на нашиот денешен свет.

И додека е важно да се почитуваат легитимните интереси на државата, папата Фрањо поттикнува на миграцијата да се гледа со доверба и како прилика за градење на мирот, а не како закана, внатре огранучување кое дозволува исправно разбирање на општото добро – рече надбискупот Јурковиќ, потсетувајќи дека Папата повикува да се прифаќаат и заштитуваат сите оние кои бегаат од конфликт, глад, дискриминација, прогон, крајна беда, природни катастрофи и еколошка деградација.

Постојаниот набљудувач на Светиот Престол освен тоа рече дека папата Фрањо апелира до политичката заедница, цивилното општество и верските институции да ги здружат силите за да понудат заеднички одговор на сложеноста на современиот миграциски феномен. Светиот Отец предложи важен одговор кој може да ја резимира помошта во четири глаголи: прифаќа, заштитува, промовира и интегрира. Папата поттикнува токму од тие зборови да се вдахнува процесот кој следната година треба да доведе до два нови Светски договори за мигрантите и бегалците – рече меѓу останатото надбискупот Јурковиќ.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот