Надбискупот Томази: Семејството е основна клетка на човечкото општество
Семејството е основна клетка на човечкото општество, посочи надбискупот Силвано Марија Томази, постојан набљудувач на Светата Столица при Обидинетите нации во Женева, говорејќи на 24 јуни 2014 година за време на 26 заседание на Советот за човекови права. Надбискупот нагласи дека „семејството непречено очитува поголема цврстина“ во однос на силата на сите оние што имаат пробано и пробуваат да ја сотрат како „историска реликвија, како пречка за индивидуален напредок или за создавање на слободно, среќно и рамноправно општество“.
Истакнувајќи ја „взаемната врска“ помеѓу семејството и општеството, а и на нивните комплементарна улога во заштитата и поттикнувањето на доброто на секоја личност и на целото човештво, надбискупот истакна дека „достоинството и правата на личностите не се намалуваат, ако се зголеми вниманието што се посветува на семејството“. Напротив, многу личности токму во „здрав и цврст семеен контекст, втемелен на бракот помеѓу маж и жена, наоѓаат заштита подршка и сила“. А тоа посебно се однесува на децата, на кои им е потребен стабилен семеен контекст, во кој треба да стекнуваат „образование и воспитување“ по примерот на родителскиот модел, истакна надбискупот Томази.
Во семејството, поколенијата наоѓаат „љубов, воспитување, взаемна подршка и преносување на дарот на животот“, истакна Томази. А таквото гледање се среќава во историјата на сите култури, исто така и во Општата Декларација за човекови права, која ги признава „единствените, длабоките и безусловни права и обврски на семејството, втемелени на бракот помеѓу маж и жена“. Затоа постојаниот набљудувач на Светата Столица во Обединетите нации во Женева упати апел да се чува целокупноста на семејството, да ја штитат и бранат државата и секое општество.
РВ/В.Н.