Надбискупот Етеровиќ ги повика германските епископи на обновено навестување на христијанската надеж
Апостолскиот нунциј во Берлин надбискупот Никола Етеровиќ на почетокот на пленарното заседавање на Германската епископска конференција на 22 септември во Фулда ја повика Црквата во Германја на навестување на „евангелието на животот“.
Надбискупот Етеровиќ ги предупреди германските епископи на поука од корона – кризата која во прв план упорно ја става смртта, реалноста која денешното секуларизирано општество сака да ја маргинализира, па тоа е воедно можност да се потсети германското општство на христијанската порака на животот. (…)
Наведувајќи го примерот од статистиките кои во април минатата година ги објави списанието „Шпигел“ кои покажуваат дека само 61% католиците во Германија веруваат во Христовото воскресение, нунцијот на епископите им порача дека е неопходно и тоа итно навестување на темелите на христијанската вера.
Надбискупот Етеровиќ во поздравниот говор меѓу останатото ги пофали одговорните германски политичари, структури и високото ниво на здравствениот систем за досегашната борба против ширењето на пандемијата од коронавирусот. Истовремено го оцени неприфатливо однесувањето на некои земји кои недоволно ги штителе посебно старите луѓе и „практично ги жртвувале“, напоменувајќи дека во домовите за стари лица особено во Шпанија и Италија многу луѓе починале од последица на коронавирусот. Затоа повика на обновено навестување на христијанската надеж придружено со конкретни активности во борбата против тешките последици од пандемијата. (…)
Меѓу останатото е истакнато дека Црквата во Германија за помош од пандемијата на тешко погодените земји досега дарувала 36,9 милиони евра. (…)
Пленарното заседавање на Германската епископска конференција завршува во четврток на 24 септември.
Ватикан њуз/к.мк