Надбискупот Ричард Галагер, Секретар за односи со државите и меѓународните организации, од 1 до 5 јули 2024 година ќе престојува во таа југоисточна азиска земја, каде што ќе учествува на „Денот на Папата“ во Нунцијатурата во Манила, а ќе се сретне и со претседателот Маркос Џуниор и секретарот за надворешни работи Манал, и ќе учествуваат на пленарната седница на Бискупската конференција, а потоа и на конференцијата на МНР во Институтот за надворешна служба.
На 1 јули, започна посетата на надбисккупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации на Филипините, при што ќе учествува на „Денот на Папата“ во Апостолската нунцијатура во Манила. Во таа југоисточна азиска земја надбискупот ќе престојува до 5 јули.
Многубројните средби и состаноци ќе ја одбележат програмата на патувањето на надбискупот Галагер, како што е најавено на платформата Х, на профилот на Државниот секретаријат @TerzaLoggia. Во вторник, 2 јули, е предвидена куртоазна посета кај филипинскиот претседател Фердинанд Р. Маркос Јуниор, по што ќе следи средба со секретарот за надворешни работи Енрике Манала.
На 3 јули, надбискупот Галагер ќе замине во Малебалај, во регионот Северен Минданао, за да учествува на пленарната седница на Филипинската бискупска конференција. Со бискуите ќе служи Евхаристија во четврток, 4 јули, во опатијата Преображение во Малебалаја.
На крајот, во петок, на 5 јули, надбискупот Галагер треба да присуствува на конференција во Институтот за надворешни служби при Министерството за надворешни работи во Манила.
Ватикан њуз/к.мк