На крајот од Генералната аудиенција во среда 22 мај 2019 година папата Фрањо потсети дека во петок во Црквата се слави празникот Блажена Девица Марија Помошничка на христијаните, празник кој посебно се слави во кинеското светилиште во Шешан
Оваа прилика ми овозможува да ја искажам својата посебна близина и наклонетост со сите католици во Кина, кој во секојдневните искушенија и напори и понатаму верува, се надева и љуби – истакна Папата. Драги браќа во Кина, нашата небеска Мајка на сите нека ви помогне да бидете сведоци на љубовта и братството, одржувајќи го секогаш единството во Универзалната Црква. Се молам за вас и ве благословувам – рече папата Фрањо и ги повика присутните сите заедно да се обратат до Богородица со молитвата “Радувај се Маријо“
Ватикан њуз/к.мк