На Велигден Папата ќе крсти десет катекумени
За време на Велигденското бдение пак папата Фрањо ќе крсти 10 катекумени: пет од Италија, додека другите доаѓаат од Белорусија, Сенегал, Либан, Франција и Виетнам– изјави патер Ломбарди на брифингот за новинарите. Што се однесува за светата Литургија на Велигден, Папата – како што е вообичаено на тој празник – ќе служи сам и не е предвидена проповед, туку само пораката пред благословот „Urbi et Orbi“ – На Градот и светот, без поздрав на други јазици.
Патер Ломбарди истакна еден екуменски детал од тоа славење. Оваа година ќе се пеат источни пасхални стихири, односно литургиски песни кои се пеат кога славењето на Воскресението се совпаѓа и кај верниците од латински обред и кај источните верници. Затоа, како што спомнав и тој момент на заедништво во прославата на Воскресението, ќе биде посебен дел на обред која традицијата – како што знаете – се повторува на секои три или четири години – рече директорот на Канцеларијата за печат на Светата Столица.
РВ/Д.И.