На Велигден епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

На Велигден епископот Стојанов служеше во Струмичката катедрала

 

По завршувањето на Воскресната утрена во дворот на Струмичката катедралата и процесијата околу Црквата, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, на празникот Воскресение Христово, недела 5 мај 2024 година служеше воскресна света Литругија. Со епископот Стојанов сослужуваше деканот на Деканатот „Свети Кирил и Методиј“, ректор на светилиштето во Паљурци и директор на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанова, катедралниот парох протојереј ставрофор отец Спасо Ристов, поранешниот катедрален парох протојереј ставрофор отец Георги Трајков, парохот во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица и директор на Радио Марија протојереј отец Гоце Костов и струмичкиот капелан отец Трајче Ташев.

На почетокот од проповедта Епископот Стојанов ги поздрави присутните честитајќи им го празникот Воскресение Христово – Велигден. Осврнувајќи се на страдањата Христови и неговото славно воскресение и победа над смртта монсињор Стојанов рече: Христос победи со својата неизмерна љубов кон своите непријатели, тој никого не осуди, на никој не покажа со прст, туку со љубовта покажа дека сите нас не сака, но ги сака и своите непријатели. Од Крстот Господ Исус рече: Оче прости им зашто не знаат што прават! Со тоа Исус го победи светот, смртта и нам ни дарува живот вечен.

За време на Воскресната Литургија пееше Катедралниот хор предводен од с. Тереза Стојкова.

к.мк

повеќе фотографии

Категорија: Uncategorized

За авторот