На Божјиот народ треба да му се даде леб на животот
Скандали во Црквата се случуваат затоа што нема жив однос со Господ и Неговoто Слово, тоа го истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 16 јануари во капелата на домот Света Марта.
Коментирајќи ги дневните читања и псалмот каде што се споменува поразот на Израелците од Филистинците, Папата забележа дека Божјиот народ во тоа време го напушти Бог. Тоа кажува дека Словото Божјо било „ретко“ во тоа време. Стариот свештеник Илиј бил „млак“ и неговите синови расипани; тие ги плашеле луѓето и ги удирале со стапови. Во ова битка против Филистинците, Израелците со себе го носеле и Ковчегот на Заветот, но како нешто „магично нешто надворешно“. И тие биле поразени. Ковчегот бил земен од нивните непријатели. Тоа не е вистинска вера во Господ, во Неговата присутност во животот – рече Светиот Отец.
Овој дел од Светото Писмо нѐ поттикнува на размислување за нашиот однос кон Бог, кон Словото Божјо: Дали нашиот однос е формален? Дали е далечен? Влегува ли Божјото Слово во нашето срце, го менува ли, ја има или ја нема таа моќ или е формален однос, дали сѐ е во ред? Но срцето е затворено за Божјото Слово.“ Овој дел нѐ поттикнува на размислување за бројните порази на Црквата, поразите на Божјот народ затоа што не го слуша Божјото Слово, затоа што не го бара Бог, не дозволува Бог да го бара. А по трагедија вака моли: Господи што се случи? Со нас направи потсмев за соседите наши, подбив и играчка за оние околу нас. За потсемв сме на народите! Народите климаа глава над нас – рече Папата.
Осврнувајќи се на скандалите во Црквата, Папата праша: Дали ни е срам? Има многу скандали кои не сакам поединечно да ги спомнам, сите се знаат… Знаеме каде се. Скандали, некои Цркви ги чини многу пари; добро е така и треба… Срамота за Црквата! Дали сме се срамеле поради тие скандали, порази на свештеници, епископи и лаици? Божјото Слово во тие скандали било „ретки“, во тие мажи и жени „ретко “ имало Божјо Слово! Не биле поврзани со Бог, не! Но јас носам медал; носам Крст… Да, како што Израелците го носеле ковчегот на Заветот! Без жив однос со Бог и Божјото Слово. Ми доаѓаат на ум Исусовите зборови за оние кои ги соблазнуваат другите… А овде се случило скандал: срозување на народот Божји, сѐ до слабоста, корупција на свештеници – рече папата Фрањо.
Завршувајќи ја проповедта Папата нагласи: Сиромав народ! За јадење не му го даваме лебот на животот, во овој случај за јадење не му ја нудиме вистината. Дури за јадење често му даваме затруена храна! Разбуди се, зошто спиеш Господи! Нека тоа биде нашата молитва! Разбуди се! Не отфрлај нѐ засекогаш! Зошто Го сокриваш лицето Свое? Зошто ја забораваш нашата беда и угнетување? Да го молиме Господ да не го забораваме Неговото Слово; кое е живо; да влезе во нашите срца, а Он никогаш да не го заборави својот верен народ, кој од нас го бара вистинското јадење – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.