Моштите на свети Кирил во Богданци

Богданци го чествува празникот свети Кирил и Методиј
Во сабота на 24 мај 2014 година на празникот на сесловенските апостоли и просветители свети Кирил и Методиј во истоимениот Католички храм кој датира уште од 19 век воопшто за прв пат во Македонија ќе бидат изложени моштите на свети Кирил Солунски, единствените мошти во Македонија.
Неговото Преосвештенство д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, на 24 мај 2014 година во 10.00 часот ќе ја предводи светата Архиерејска Златоустова литургија за време на која ќе бидат изложени моштите на свети Кирил. После светата Литургија ќе се одржи Молебен во чест на свети Кирил и Методиј, а после тоа секој добронамерен верник ќе има можност да се поклони на моштите на свети Кирил.
К.мк

Категорија: Македонија

За авторот