Моторот Харли Дејвидсон во сопственост на папата Фрањо ќе оди на аукција
Моторот Харли Дејвидсон кој е во сопственост на Светиот Отец ќе се најде на добротворна аукција во Париз на 6 февруари, јавува Ројтерс. Средствата од продажбата на моторот ќе бидат подарени на Каритас за обнова на домот за бездомници кој го води дон Луиџи ди Лиегро во Рим
Раритетниот мотор, кој на резерварот за гориво има потпис Фрањо, вреди околу 15.000 евра, а Папата го доби поклон од љубители на Харли Дејвидсон на средбата во месец мај минатата година на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан