Папата Фрањо на 7 октомври 2021 година за коајутор бискуп во бискупијата Срем, Србија го именува монсињор Фабијан Свалина, свештеник на Ѓаковско – осиечката надбискупија, актуелен директор на Хрватски Каритас и директор на Хрватската католичка мрежа.
Монсињор Фабијан Свалина е роден во 1971 година во Ѓаково. Завршува теологијана Католичкиот богословски факултет во Ѓаково, а во 1997 година бил ракоположен за свештеник на Ѓаковската надбискупија. Прво бил парохиски викар во Осиек, а подоцна и воспитувач на Меѓубискупската семинарија во Загреб.
Од 2008 до 2010 година е секретар и канцелар на Ѓаковско – осиечката надбискупија, а потоа, седум години заменик генерален секретар на Хрватската бискупска конференција. Во 2010 година, е именуван за директор на Хрватски Каритас, со кој раководи и денес. Со одлука на хрватските бискупи во 2017 година, ја презема и должноста директор на Хрватската католичка мрежа, во која спаѓаат Хрватското католичко радио, Католичката информативна агенција, новите медиуми и веб -страницата на Хрватската католичка мрежа.
Покрај тоа бил и член на Одборот за посета на папата Бенедикт XVI на Хрватска и бројни други одбори, комисии и работни групи во системот на Хрватската бискупска конференција. Како директор на Хрватски Каритас е член на различни оперативни тела и координација на надлежните државни органи за итна помош, хуманитарни и социјални активности.
Ватикан њуз/к.мк