Монс. Јурковиќ на средбата за меѓурелигискиот дијалог: Потребно е поголемо внимание кон последиците од пандемијата
Во излагањето на годишниот состанок за меѓурелигиски дијалог постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева изрази страв од последниците од ширењето на коронавирусот, од оние очигледните и од оние помалку кои се забележуваат, но кои заради тоа не се помалку сериозни.
Искрен дијалог како средство за позитивно влијание во светот – со тие зборови надбискупот Иван Јурковиќ постојаниот набљудувач на Светиот Престол при ООН во Женева го започна своето излагање на шестиот годишен состанок за меѓурелигиски дијалог, одржан на 24 февруари на тема „Улогата на верата во време на коронавирус.“
Заблагодарувајќи им се на почетокот на угледните личности присутни на состанокот надбискупот го истакна заедничкото уверување кое ги поттикна на учеството на тој собир. Секој од нас од лично искуство, ја познава вредноста и важноста на сопствената религија во својот живот. Оваа конференција ни помага да го споделиме она што за нас е најважно во духот на довербата и братството – рече надбискупот, така да можеме да учиме едни од други, взаемно да си помагаме и заедно да растеме во меѓусебното почитување.
Надбискупот Јурковиќ потоа се осврна на темата на средбата. Сите знаеме колку е сериозна пандемијата со коронавирусот – рече и истакна, шокантно е да размислуваш за фактите дека пред малку повеќе од година дена никој не ја познаваше таа болест, ниту можеше да се замисли дека така би можела да го вознемири светот. Секој аспект на нашиот живот е потресен: стотина илјади луѓе починаа; безброј луѓе трпат заради тешките здравствени кризи; голем број компании во целиот свет се затворени, а некои од нив нема повеќе да бидат во состојба повторно да отворат; националните економии се уништени; блокирано е производството; на многу места образованието е сведено на виртуелно поучување или е целосно прекинато, а сиромашните состојби се доведени до целосен слом.
Најтешки последици од пандемијата имата мигрантите, бегалците, домородните народи, децата, мајките, и најранливит лица – рече надбискупот. Луѓето кои веќе живееле во големо сиромаштво и кои со пандемијата уште повеќе осиромашеа и умреа заради беда, според мислењето на надбискупот Јурковиќ треба да се вбројат меѓу жртвите на таа голема чума како и оние кои беа заразени.
Надбискупот не ги занемари ниту другите последици од пандемијата оние кои не се толку допирливи, но се еднакво штетни. Тоа што најмногу вознемирува, што се однесува на вирусот е внатрешната криза – рече и објасни, здравствените мерки кои се применети во целиот свет навистина се потребни за да се загарантира сигурна средина за сите луѓе. Сепак изолирањето во домовите како и премногу потребната маска, страдањето заради загубата на работата, со неможноста за физички допир со семејството и пријателите имаа и сѐ уште имаат силни психолошки, емотивни и духовни последици на секој од нас.
Освен тоа пандемијата од болеста Ковид-19 – според зборовите на надбискупот Јурковиќ, ја зајакнаа постоечката напнатост и ја зголемија заканата на единството помеѓу поединците, народите, културите и нациите, зголемувајќи ја исто така нееднаквоста. Кога средствата и медицинската грижа се ограничени, разбирливо е секоја личност и секоја нација да настојува за своите мисли да обезбеди и собере сѐ можно – рече, меѓутоа таквиот кратковиден и егоистичен пристап е во директна спротивност со единството и заедништвото кое на човечкото срце навистина му донесува задоволство.
Акумулирање на вакцини, љубоморно инсистирање околу правата на патент, затворање на границите и воопшто движењето на самите себе разбирливи се реакциите на општата криза со која се соочуваме, но тоа нема да ни помогне да ја преживееме бурата на оваа пандемија – рече надбискупот – туку ќе ни зададе рана подлабока од самиот коронавирус. Имено, тоа нас би можело да нѐ одвои од она по што навистина сме човечни, односно од нашите способности и желби да живееме во братско заедништво.
Верата нѐ учи да гледаме понатаму од самите нас и од нашите непосреди потреби. Не е случајна коинциденцијата дека најголемиот дел од главните верски традиции силно ја истакнуваат незаинтерсираната љубов давајќи му на секој од нас одговорност која му припаѓа за грижата за нашите браќа и сестри. Папата Фрањо и Светиот Престол многу им е важно да го загарантираат тоам пандемијата со коронавирусот да не доведе до уште потрагични последици.
Токму затоа во рамките на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој воспоставена е посебна комисија со цел промовирање на вистинска и холиситичка грижа за сите луѓе погодени од пандемијата и – уште пред пандемијата, папата Фрањо и шеикот Ахмед Ал-Тајб големиот имам Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година потпишаа Документ за човековото братство.
Освен тоа, важноста на човековото братство и улогата на верските традиции во неговото промовирање, се во центарот на енцикликата на папата Фрањо „Fratelli tutti“. Во тој документ Папата истакнува дека различни религии врз основа на нивната почит кон секоја човечка личност како создадение повикано е да биде дете Божјо, значајно придонесува за градање на братството и заштита на праведноста во општетсвото – напомена надбискупот Јурковиќ.
На крајот го спомна и овогодинешниот говор на Папата до Дипломатскиот кор акредитиран при Светиот Престол. Пандемијата која нѐ принуди да трпиме долги месеци изолација и често осаменост ја истакна потребата на секој поединец за човековите односи – рече Папата. Силни во своите традиции и верски уверувања, сите можеме да сведочиме дека вредноста и важноста на негувањето на духовното здравје вкоренето во братството и во надежта е најделотворниот начин за оздравување на светот кој нѐ опкружува – се зборовите на папата Фрањо кои ги повтори надбискупот Јурковиќ
Ватикан њуз/к.мк