Светиот Отец го прифати повлекувањето на бискупот Јосип Мрзљак од пасторално слушење во Вараждинската бискупија согласно канонот 401, член 1 од Законикот на канонско право и го именува за бискуп на истата црковна покраина монс. Божо Радош, свештеник на Ѓаковско – осиечката надбискупија и досегашен ректор на Папскиот хрватски завод Свети Јероним во Рим, соопшти Апостолската нунцијатура во Загреб.
Монс Божо Радош е роден на 5 септември 1964 година во Црвеница, Босна и Херцегвоина, Мостарско – дуванска бискупија. Неколку години покасно неговото семејство се преселува во Кушевац, покрај Ѓаково, Хрватска. За свештеник е ракоположен на 29 јуни 1990 година во тогашната Ѓаковска и Сремска бискупија.
Покрај бројните служби кои ги извршувал, монс. Радош има предводено бројни духовни вежби во Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Австрија.
На 28 април 2016 година е именуван за ректор на Папскииот хрватски завод Свети Јероник во Рим, а службата ја презеде на 15 јуни 2016 година
Ватикан њуз/к.мк