Монахињи кои своето слепило го принесуваат за спасение на духовно „слепите“

Монахињи кои своето слепило го принесуваат за спасение на духовно „слепите“

Монашката заедница ја сочинуваат слепи монахињи кои се во постојано обожавање пред Пресветата Тајна Евхаристија и се молат за спасение на светот.

Сакраментинки сестри на дон Орионе

Тоа е име на женската монашка заедница во Католичката Црква кој пред 90 години го основал свети Луиџи Орионе и кој има една посебна харизма – го сочинуваат слепи монахињи кои се во постојано обожавање пред Пресветата Тајна Евхаристија и се молат за спасение на светот, а својата физичкото слепило го принесуваат за оние кои се духовно „слепи“.

„Сакам оваа нова монашка заедница да ја дарувам како цвет пред олтарот на Блажена Дева Марија, така што таа самата, со своите благословени раце, го дарува на Исуса во благословената света Тајна“, напишал свети Луиџи Орионе при основањето на заедницата, на 15 август 1927 година.

Самиот ред во својот статут има нагласено: Да се принесува на Бог загубениот вид, за оние кои сѐ уште не ја познаваат вистината и светлото на светот Исус Христос.

Заедницата свети Луиџи ја замислил како постојана молитвена поддршка на активностите на уште двете монашки заедници кој ги основал и кој се посветени на каритативната работа – Синови на Божјата провидност и Мали мисионерки сестри милосрдници.

Како што неодамна пишува Католичката страница Catholic News Agency заедницата денеска делува во Италија, Шпанија, Чиле, Филипини, Кенија, Аргентина и Бразил. Монахињите носат бел хабит и црвен шкапулар, на кој што е претставена хостијата.

„Понекогаш му се заблагодарувам на Бога што сум слепа“, рекла за CNA сестра Марија Луз Оеда од Чиле која го загубила видот во триесеттата година од својот живот, што било последица од несреќата која ја доживеала како дете.

„Така влегов во заедницата. Пред Пресветата Тајна Евхаристија честопати му велам на Бог: „Ова е мојот начин да ти помогнам да ги спасиш душите. И среќна сум поради тоа“, истакнува Оеда.

Таа и нејзините сестри, како што вели, секој ден во молитва и обожавање го принесуваат „сиромаштвото, страданието и тагата на човештвото“.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот