По молитвата Ангел Господов во недела 31 октомври 2021 година папата Фрањо поттикна на молитва и конкретна солидарност со народот на Виетнам погоден од големите поплави и за Хаити каде владее екстремна беда. Тој, исто така, повика на молитва за успех на климатската конференција COP26.
Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов изрази голема загриженост за народот на Виетнам и Хаити. Во различни делови на Виетнам, долготрајните обилни дождови во последните недели донесоа големи поплави кои предизвикаа евакуација на илјадници луѓе. Моите молитви и мисли се упатени кон бројните семејства кои страдаат, охрарувајчи ги сите, властите во таа земја и локалната црква да одговорат на оваа вонредна состојба – рече Папата и ја изрази својата близина и со насленеието во Сициијлија, кое беше со денови изложено на големо невреме.
Потоа упати апел до меѓународната заедница да го поддржи Хаити, кој живее во исклучително тешки околности. Барам од шефовите на држави да ја поддржат земјата, да не ја оставаат сама – рече тој и ги охрабри верниците собрани на плоштадот Свети Петар да ги погледнат вестите за Хаити и да се молат за таа земја. Да не ги напуштаме! – истакна Светиот Отец.
Папата се осврна и на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP26, која започнува денеска во Глазгов, и поттикна на молитвата како би се слушнал плачот на Земјата и плачот на сиромашните; дека оваа средба дава ефективни одговори давајќи им на идните генерации конкретна надеж. При тоа ја спомна изложбата на фотографии „Лаудато си“, поставена во колонадата на плоштадот Свети Петар и ги покани верниците да ја посетат.
Ватикан њуз/к.мк