Молитвено бдение за 20 години од енцикликата Evangelium vitae

Папскиот совет за семејство организира меѓународна прослава на 20 годишнината од енциликата на свети Иван Павле II „Evangelium vitae“.

Во базиликата света Марија Велика, на 24 март ќе се одржи молитвено бдение, преку кое ќе се даде благодарност за плодовите од настојувањето за заштитата на животот, како и да се поттикне на молитва за животот, стои во соопштението.

Бдението е поделено на три дела: првиот дел вклучува уметничка програма поврзан со темата живот, вториот дел е молитва на Светата Бројаница со размислувања од евангелието, а третиот дел е славење на света Литургија, која ќе ја предводи архиепископот Винченцо Паглија, претседател на Папскиот совет за семејство. На римското бдение ќе се придуржат слични настани, организирани во Фатима, Лурд и Гвадалупе, со молитва на Бројаница за посветен живот.

РВ/го*ко

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот