Можна средба на Папата со бегалците на островот Лезбос
Според некои грчки медиуми папата Фрањо ќе направи кратка посета на островот Лезбос. На 14 или 5 април 2016 година Светиот Отец на островот ќе се сретне и ќе разговара со екуменскиот патријарх Вартоломеј I., со жителите и вработените во еден од центрите за бегалци, јави Протема. На средбата ќе присуствува и грчкиот архиепископ Јероним II.
Ватиканскиот портпарол о. Федрико Ломбарди изјави дека се разговара за можна посета, но не може да потврди никаков датум или детали.
Според „Протема“ Вартоломеј и папата Фрањо ќе испратат заедничка порака за трагедијата на бегалците во Средозменото море. Папата Фрањо планира и да се помоли за луѓето, кои се удавија во Средоземното море при обидот да пристигнат во Европа. Сличен гест Папата направи на 8 јули 2013 година, при посетата на островот Лампедуса.
РВ/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк