Светиот Престол оформи меѓународна советодавна група од 20 млади кои со своите проценки и препораки ќе бидат на располагање на Дикастеријата за лаици, семејство и живот
Половина од младите кои доаѓаат од сите страни на светот во таа комисија се девојки и жени. Сите тие учествувале во некој дел од Епископската синода за млади на тема „Младите, верата и разпознавањето на звањето“ која се одржа во Ватикан во 2018 година. Намерата за основање на таква комисија е изразена во Завршниот документ на синодата.
Избрани се за мандат од три години, а првата нивна средба е најавена за април следната година во Рим.
Шест млади доаѓаат од Европа, четворица од Јужна Америка, по тројца од Африка и Азија, двајца од Северна Америка и по еден член од Блискиот Исток и од Австралија.
Ватикан њуз/к.мк