Млади од Газа на Светскиот ден на млади во Краков

Меѓу учесниците на следниот Светски ден на млади, кој ќе се одржи од 25 до 31 јули во Краков, ќе бидат присутни и млади од Газа. Тоа го потврди за агенцијата СИР, о. Марио да Силва, Бразилец, парох во латинската парохија „Свето Семејство“ во Појасот Газа. Ова „мало стадо“го сочинуваат нешто повеќе од 130 католици. Меѓутоа – истакна о. Марио – сé е во одлуката на израелската власт, дали ќе ни даде или пак нема да ни дозволи да излеземе од Појасот Газа. Ако ни дозволи, а за тоа молиме секој ден, ќе биде прв пат млади од Газа да учествуваат на Светски ден на млади.

За нив тоа би била важна можност за растење и за запознавање, особено поради тоа што никогаш не излегле надвор од Појасот Газа. Ќе можат да дадат сведоштво за своето страдање. Нивното учество би било голем дар за сите христијани во Газа – додаде о. Марио. Според мислењето на бискупот Вилијам Шомалија, генерален викар на Латинскиот ерусалимски патријарх, кој ќе ја предводи групата во Краков, можно е да се соберат повеќе од 600 учесници, амбасадори на милосрдието од Исусовата земја. На младите Палестинци, кои припаѓаат на различни обреди присутни во Светата Земја, ќе им се придужат и други, од Израел и Јордан… Во Краков ќе бидат присутни млади од сите Цркви – истакна бискупот.

Младите од Светата земја, учесници на Светскиот ден на млади, ќе го посетат, исто така и концентрациониот логор Аушвиц – Биркенау – рече во разговорот за агенцијата СИР, парохот во христијанското село Беит Сахор, отец Ијад Твал и додаде дека во таа пригода ќе изрази силно противање на злото, страдањето, болката, неправда и подршка за животот, правдата и слобода за сите луѓе, без разлика (…) Споменот од минатото треба да послужи за да се изгради за сите луѓе, подобра и поправедна сегашност и иднина – напомена о. Ијад.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот