По потекло е од Чикаго, 67 годишниот Августинец од 2015 година е бискуп на Чиклајо во Перу, а од ноември 2020 година е член на Конгрегацијата за бискупи. Папата го повика да го наследи кардиналот Марк Оуле, но и го именува за претседател на Папската комисија за Латинска Америка
Папата Фрањо на 30 јануари 2023 година го прифати повлекувањето на кардинал Марк Оуле на чело на Дикастеријата за епископи и претседател на Папската комисија за Латинска Америка, поради надминување на старосната граница и го повика на истите служби да го наследи монс. Роберт Френсис Превост, Августинец, поранешен епископ на Чиклајо во Перу. Тој ќе ја преземе функцијата на 12 април. Кардиналот Марк Оулет (78) беше на чело на споменатата дикастерија скоро 13 години.
Монсињор Роберт Френсис Превост е роден во 1955 година во Чикаго, Соединетите Американски Држави, каде што дипломирал теологија. Во новицијат на Редот на Свети Августин влегува во 1977 година. На 27 години, заедницата го испраќа во Рим да студира канонско право на Папскиот универзитет Свети Тома Аквински (Angelicum). За свештеник е ракоположен во 1982 година. Со лиценцијат се стекнува во 1984 година, а потоа е испратен во мисијата Чулуканас, во Перу.
По докторатот, кој го стекнал во 1987 година, извршувал различни должности, меѓу кои бил и директор за звања и за мисијата на Августинската провинција Мајка на добриот совет во Олимпија Филдс во Соединетите Американски Држави, а потоа бил приот на заедницата во Перу, директор за формција, судски викар и професор по Канонско право, Патристика и Морална теологија.
Во 2014 година, папата Фрањо го именува за Апостолски администратор на бискупијата Чиклајо во Перу. Бискуп на Чиклајо е од 2015 година. Во 2019 година папата го именува за член на Конгрегацијата за свештеници, а во 2020 година за член на Конгрегацијата за епископи.
Ватикан њуз/к.мк