По молитвата Ангел Господов, на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, Папата уште еднаш ги посвети своите мисли на измачената Украина, повторно нагласувајќи дека е возможен мир и разоружување. Тој потсети дека за Бога се е можно, но потребна е добра волја на луѓето
Богородица нека ни помогне да се свртиме кон Божјиот план – рече Папата по молитвата Ангел Господов, на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, 8 декември 2022 година зборувајќи за општата желба за мир и најавувајќи го традиционалниот богослужбен чин, попладнево, кога тој ќе појде до базиликата Света Марија Велика и Шпанскиот плоштад.
Попладнево ќе појдам во базиликата Света Марија Велика за да се помолам на Богородица пред иконата Salus Populi Romani, а потоа ќе се упатам на Шпанскиот плоштад на традиционалниот чин на почитување и молитва во подножјето на статуата на Безгрешната. Ве молам духовно да ми се придружите во овој гест, кој ја изразува синовската посветеност на нашата Мајка, на чие застапништво ја доверуваме општата желба за мир, посебно за напатената Украина, која толку многу страда.
Осврнувајќи се на зборовите на ангелот Гаврил упатени до Богородица: За Бога ништо не е невозможно!, Светиот Отец истакна: Со Божја помош, мирот е возможен; можно е разоружувањето. Но Бог ја сака нашата добра волја. Богородица нека ни помогне да се свртиме кон Божјиот план.
Ватикан њуз/к.мк