Мирот е возможен во името на Исус

Мирот е возможен во името на Исус

Сите ние овде собрани исповедаме дека Исус е Господ! – рече папата Фрањо за време на бдението за Духовден на Circus Maximus во Рим на 3 јуни 2017 година.

Воедно е одбележан и 50 роденден на Католичката харизматска обнова која започнува во 1967 година како мисионерско студенско движење во САД. На бдението не учествуваа само католици, туку и припадници на други христијански цркви и заедници.

Мирот е возможен затоа што исповедаме дека Исус е Господ и заедно евангелизираме. Тоа е остварливо и покрај нашите разлики. Секако дека меѓу нас постојат разлики, но ние сакаме да бидеме „помирена различност“ – рече напоменувајќи дека овде не станува збор за негов поим, туку тоа е концепт кој го осмислил „братот лутеран“, теологот Оскар Кулман.

Пред педесет години не започнала некоја организација, туку излив на милости – продолжи Светиот Отец. Тоа е екуменско дело затоа што Светиот Дух е тој кој создава единство и поттикнува на тоа. Денес сме повеќе од било кога порано, сведоци на т.н. „екуменизам на крвта“. Убијците не ги прашуваат жртвите дали се православни или калвинисти, туку доволно им е да знаат дека се христијани за да ги погубат. Тие мачениците на нашето време се доказ колку е итно потребно единство на христијаните – рече Папата.

Заедничко ни е да одиме и да работиме, меѓусебно да се љубиме и да настојуваме да ги разрешиме нашите разлики, но во одење. Ако застанеме, ако неме се упатиле на пат, никогаш нема да можеме да се согласиме. Желбата на Светиот Дух е да бидеме на пат – нагласи Светиот Отец.

Тоа излевање на милости не е само за поединци, туку за целата Црква и никој од нас не е Господар, туку сите сме слуги во тоа излевање на милости – рече Папата. Папата потоа истакна дека три работи ја сочинуваат харизматската обнова: крштението во Духот, славењето и служењето на ближните. Тие три работи се поврзани нераскинливо. Можам да пеам прекрасен хвалоспев, но ако не им помагам на оние во потреба, тоа не е доволно – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот