Милитанти во Аргентина го осквернаа Пресветото, го претепаа свештеникот и ја демолираа црквата

Милитанти во Аргентина го осквернаа Пресветото, го претепаа свештеникот и ја демолираа црквата

Група милитанти Мапучи упаднаа во петокот на 6 ноември во католичката црква во Аргентина, го претепаа свештеникот, го осквернија Пресветото и ја демолираа внатрешноста на црквата, извести Catholic News Agency.

Нападот се случил во парохијата Пресвета Богородица од Лухан во градот Ел Болсон во Патагонија во близина на границата со Чиле. Насилните милитанти се активисти индијанци Мапучи. Мапучите живеат во јужниот и централниот дел на Чиле и југозападна Аргентина, вклучително и делови од Патагонија. Милитантните активисти во последните години прибегнуваа кон насилство заради спорови околу земјата посебно напаѓајќи ги Католички цркви.

Во најновиот напад насилниците го претепаа парохот фра Рикардо Китадини, кратко го држеле другиот фрањевец како заложник, ги оштетиле статуите на светците, распетието и крстниот пат, ги испревртеле клупите. Исто така ја отвориле Дарохранителницата и ја фрлиле чашата и садот со Пресветото. (…)

Од бискупијата Барилоче соопштија дека жлат заради оскврнувањето на црквата и изразуваат солидарност со „нашите браќа фрањевци и заедницата на верници католици“ од парохијата „Пресвета Богородица од Лухан. (…)

Соопштението од бискупијата завршува со молитва до Бог Отецот „за во сите нас да вдахне чувства на правда и мир“, објави Catholic News Agency.

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот